25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПремиера: Новиот Amarok „Dark Label“

Премиера: Новиот Amarok „Dark Label“

AM0475

Возилото Amarok од брендот Volkswagen Комерцијални возила не само што импресионира со своите способности на и надвор од патот, туку и со својот изглед ги привлекува сите вљубеници во автомобилите.

Поспортскиот и елегантен имиџ на специјалниот модел ” Amarok „Dark Label“  се добива со акцентирањето на уникатните визуелни детали.  „Dark Label ” се разликува од сите други верзии на Amarok по своите темни дополнителни елементи. Особено привлечни се црните 18-инчни „Дурбан” алуминиумски тркала. Овој специјален модел има „Trendline” ниво на опрема – а дополнително се издвојува со темните задни странични стакла, како и по темното задното стакло, Б – столбовите се покриени со црни дизајнирани ленти, возилото има затемнети задни светла и LED – осветлување на регистарската табличка. Исто така, црни се и рачките на вратите, ретровизорите, задниот браник и ролбаровите, како и страничните прагови, додека стилизираниот долен ден напред е во сребрена боја.

AM0475

Во внатрешноста, новиот специјален модел се одликува со пософистицирана кабина, седишта кои се обложени со Alcantara, потпис на патосниците, радио RCD 310 со команди на мулти-функционалниот управувач, греење на предните седишта и греење на бришачите на ветробранското стакло. Исто така товарниот простор е прекриен со Durabed слој.

Покрај Starlight сината боја и други бои се на располагање кај Amarok Trendline, тој може да се нарача како “Dark Label” – од „Candy“ бела боја до длабоко црна со бисерен ефект.

Amarok ” Dark Label”, достапен е само со двојна кабина, во комбинација со моторите кои имаат опсег на моќност од 103 kW / 140 КС до 132 kW / 180 КС и со повеќе варијанти на погонски системи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП