19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКонсумирајте производи во различни бои

Консумирајте производи во различни бои

Сина, црвена, зелена, жолта – овошјето и зеленчукот содржат витамини, а нивните различни ефекти во чинијата ги објаснува германскиот професор Hademar Bankhofer.

Зелената боја е богата со така наречени сапонини, но и со хлорофил. Сапонините може да го намалат зголеменото ниво на холестерол, да го активираат имуниот сустем, да го смират воспалението и да ги победат штетните бактерии. Хлорофилот е одговорен за подобро превземање и искористување на кислородот од страна на мозочните клетки. Посебно драгоцени се зелените природни производи – брокулите, прокељот, спанаќот, кивите, итн.

Овошјето и зеленчукот со црвена и портокалова боја содржат доста каротеноиди кои ги неутрализираат агресивните молекули на штетните материи, ги јакнат дишните патишта, сетилото за вид и имунитетот. Посебно важни производи со оваа боја се – тиквата, морковот, доматите, црвената и портокаловата пиперка, портокалот, мандарините и лубеницата.

Сините и виолетови природни производи содржат бројни полифеноли. Тие делуваат како антибиотици, го спречуваат воспалението, штитат од инфекции, го јакнат срцето и ја одржуваат нормалната вискозност на крвта (густината на крвта). Посебно богати со полифеноли се – боровинките, цвеклото, црното гројзе, доматите, вишните, капините, црните рибизли и брусницата.

Жолтата боја кај овошјето и зеленчукот значи и поголема количина на флавоноиди кои се чувари на нивото на добриот холестерол HDL. Флавоноидите исто така ја одржуваат нормалната густина на крвта и имаат позитивно влијание на желудникот и цревата. Посебно богати со флавоноиди се жолтата пиперка, праската, мангото, зрелите и сочните круши и грејпфрутот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП