„Yahoo„ предводена од Мариса Маер, почна да покажува знаци на закрепнување, откако во последниот квартал на минатата година оствари подобри резултати од очекуваните.
Компанијата остварила 4 отсто поголеми приходи отколку во предходната година, односно 1,22 милијарди долари.
Истовремено профитот во последниот квартал во 2011 година, се намалил од 295,6 милиони долари на 271,3 милиони долари, но од компанијата истакнуваат дека доколку се исклучат одредени еднократни трошоци, тогаш добивката ќе изнесува околу 380 милиони долари.
Овие резултати се подобри од очекувањата на аналитичарите, така што веднаш по нивната објава се зголеми и вредноста на акциите на компанијата.
За тековниот квартал од „Yahoo“ најавуваат приходи помеѓу 1,07 милијарди и 1,1 милијарди долари.