19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНапитоци кои ќе ви ја вратат енергијата по вежбањето

Напитоци кои ќе ви ја вратат енергијата по вежбањето

energy1

Ако чувствувате исцрпеност, умор и недостиг на енергија додека вежбате, а сакате на лесен и здрав начин да се вратите во форма, тогаш овие неколку предлози ќе ви помогнат да се чувствувате многу подобро и поенергично.

 

Чоколадно млеко

ab5

Иако луѓето често го избегнуваат поради страв од калориите, сепак кога станува збор за вежбањето, тогаш чоколадното млеко е идеален енергетски пијалак. Мешавината од јаглени хидрати и протеини помагаат полесено зацелување на евентуалните повреди на мускулите што се случуваат при вежбање, а доведуваат до воспаление на мускулите.

 

 

 

Пиво

ab1

Покрај позитивните ефекти и благотворните дејства кога станува збор за убавината и здравјето, се случува интензивните вежби да го ослабнат имунитетот. Токму затоа инфламатарното дејство на безалкохолното пиво ќе ви помогне да го подигнете нивото на енергија во организмот и да се чувствувате многу подобро.

 

 

 

Сок од цвекло

ab2

Оваа напивка има магични својства кога станува збор за подобрување на крвната слика. Изобилува со нитрати кои го олеснуваат протокот на крвта до мускулите, давајќи енергија да го издржите вежбањето. Добрата циркулација на крвта е најдобриот начин да се ослободите од целулитот. Ако не можете да го поднесете вкусот на цвеклото, можете да додатете мед или шеќер.

 

 

Кокосово млеко

ab3

Овој напиток е богат со калиум што ги намалува мускулните грчеви, а кокосовото млеко се препорачува на оние кои интензивно се бават со пилатес или јога.

 

 

 

 

 

Кафе

ab4

Кофеинот го забавува процесот на трошење гликоген, резервна енергија во организмот, и ви дава гориво да го издржите вежбањето подолго од вообичаено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП