29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВежбањето најдобар лек

Вежбањето најдобар лек

workout

Вежбањето можеби е барем подеднакво ефикасно како одделни лекови во намалување на ризикот од смрт кај пациенти кои преживеале шлог или срцеви болести.

Истражувачите на универзитетите во Лондон, Харвард и Стенфорд, ги споредија откритијата добиени во неколку студии за ефикасноста на вежбањето во споредба со лековите, кај лицата со срцеви болести, на оние кои преживеале шлог и луѓе со преддијабетес.

Тие ги анализирале резултатите на 305 студии кои опфатиле 339.274 луѓе.

Податоците покажале дека вежбањето може подеднакво да биде корисно како и лековите за намалување на ризикот од прерана смрт, ако не и поефикасно, пишува „British Medical Journal“. Кај пациенти кои преживеале мозочен удар, забележано е дека вежбањето делува подобро од лековите, додека медикаментите биле поефикасни во случај на срцеви болести.

Тимот побарал уште истражувања кои би требало да ги потврдат таквите откритија. Иако вежбањето е клучен фактор за здравје и долговечност, повеќето истражувања се фокусирани врз лековите.

Светската здравствена организација (СЗО) вели дека слабата физичка активност е четврти водечки фактор за ризик за смртност и предизвикува во просек 3,2 милиони смртни случаи годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП