29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ ја задржа основната каматна стапка

ЕЦБ ја задржа основната каматна стапка

ecb3

Европската централна банка (ЕЦБ), како што се очекуваше, ја задржa основната каматна стапка непроменета.

Управниот одбор на ЕЦБ гласаше за референтната каматна стапка да се задржи на историскиот минимум од 0,50 проценти, се наведува во соопштението на оваа институција, пренесува агенцијата Франс прес.

Централната банка, исто така, ја задржи каматната стапка на депозитите на нула и маргиналната каматна стапка на еден процент.

Ниту еден аналитичар или набљудувач не очекуваше дека централната банка ќе најави нови потези, со оглед на најновите показатели за економското закрепнување на еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП