29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропејците: Штедењето не успеа

Европејците: Штедењето не успеа

Germany Europe Union Nobel Peace Prize

Повеќе од половина од граѓаните на Европа сметаат дека политиката за штедење која се води од почетокот на економската криза е неуспешна, покажуваат податоците од анкетата на Галуп.

Како што пренесува АФП, според оваа анкета, 51 процент од граѓаните на Европската унија оцениле дека  политиката на штедење која ја усвоија владите на европските држави не ги дава очекуваните резултати.

Само пет проценти од анкетираните мислеле спротивно, додека 34 проценти од нив сметале дека е потребно време мерките за штедење да започнат да даваат резултати.

Во извештајот на Галуп се наведува дека не е изненадувачки што процентот на негативни одговори во поглед на успешноста на политиката за штедење  е најголем во земјите кои најмногу се погодени од овие мерки, како што е Грција (80 проценти), Португалија (64 проценти) и Кипар (64 проценти).

Во Ирска, која се подготвува да излезе од програмата за помош по превземените мерки за штедење, 34 проценти од граѓаните негативно ја оценија политиката на штедење.

Истражувањето, исто така, откри дека дури 60 проценти од граѓаните на Европа сметаат дека постојат подобри решенија за излез од кризата од штедењето. Овој процент е најголем кај Грците (94 проценти), Португалците (81 процент) и Шпанците (80 проценти).

Само 22 проценти од Европејците оценуваат дека политиката за штедење носи придобивки во цела Европа, додека 67 проценти од анкетираните мислат дека овие мерки се корисни само за некои земји членки, како што е Германија (77 проценти), Франција (48 проценти) и Велика Британија (39 проценти).

Грција, која најмногу е погодена од политиката за штедење, се наоѓа на четвртата позиција (23 проценти), пред Италија и Шпанија (со по 20 проценти).

Анкетата беше спроведена во периодот од 13 до 23 септември на репрезентативен примерок од 6,177 полнолетни граѓани на Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП