19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПриродни лекови за главоболка

Природни лекови за главоболка

glavobolka1

Дали поради стрес и замор или поради настинка, главоболката се појавува многу често и не измачува. Следниот пат, пред да започнете да барате апче, пробајте да ја отстраните на некој од следните начини:

1. Напијте се едно силно кафе (турско или еспресо), во кое што ќе исцедите еден лимон.

2. Ставете една супена лажица кантарион во 250мл вода. Откако ќе поминат 15 минути, прецедете ја течноста и пијте ја три пати на ден.

3. Во 500мл врела вода ставете една лажица сушени лисја од нане. По 30 минути исцедете ја течноста и пијте ја три пати на ден.

4. Исцедете сок од три кисели јаболка и во него додајте една лажица мед. Испијте го на гладно.

5. Лисјата од гинко билоба се популарен лек за главоболка. Тие го подобруваат крвотокот и со тоа помагаат повеќе кислород да достигне до мозокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП