16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата на Словенија ќе забави повеќе од очекуваното

Економијата на Словенија ќе забави повеќе од очекуваното

slovenijaljubljana1

Економијата на Словенија која веќе е во рецесија, во 2014 година ќе забави повеќе од предвиденото, поради проблемите со банкарскиот систем и фискалната консолидација, соопшти денес владата во Љубљана.

Институтот на словенечката влада за макроекономска анализа и развој (УМАР) ја намали прогнозата за економскиот раст за наредната година, предвидувајќи пад на БДП од 0,8 проценти, наместо првично прогнозираните 0,2 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

За оваа година, Институтот не ја промени прогнозата, предвидувајќи забавување на словенечката економија од 2,4 проценти, додека економијата на Словенија дури во 2015 година ќе започне да бележи закрепнување, со очекуван раст од 0,4 проценти.

„Фискалната консолидација и „чистењето“ на банкарскиот систем во наредните години ќе продолжат да имаат негативно влијание, иако со помал интензитет“, изјави директорот на УМАР, Боштјан Васле.

Словенечката влада вчера до парламентот го испрати предлог-буџетот за 2014 година, предвидувајќи јавен дефицит од 3,2 проценти од БДП во наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП