25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБорбата против гладот носи резултати

Борбата против гладот носи резултати

glad1

Борбата против гладот забележа спектакуларен успех во последните 20 години, со што е намалена и сиромаштијата, но една осмина од луѓето во светот сеуште се недоволно исхранети.

Неухранетите луѓе првенствено се во Африка и јужна Азија, соопшти Организацијата за храна и земјоделство (ФАО).

Во последните две децении, бројот на гладните е намален од 24 на 14 проценти во целиот свет, се наведува во соопштението на ФАО за состојбата на исхраната на населението во светот.

Документот „Милениумски цели“, усвоен во 2000 година, има за цел да го намали за една половина гладот во земјите во развој, а ФАО денес наведува дека таа цел може да се постигне и дека речиси е постигната во Азија.

Сепак, 842 милиони луѓе страдаат од хроничен глад од 2011 до 2013 година, додека од 2010 до 2012 година нивниот број изнесуваше 868 милиони. Тоа е намалување од три проценти.

Африка останува континент во кој 21 процент од населението е гладно, од тие лица 223 милиони се хронично гладни лица. Вкупно 60 проценти од неухранетите се во јужна Азија (295 милиони).

Намалувањето на гладот ја намалува и сиромаштијата, така што од 1990 до 2008 година 47 проценти биле екстремно сиромашни, а сега тој процент изнесува 24, наведува ФАО.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП