19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија во девизни резерви има 515.9 милијарди долари

Русија во девизни резерви има 515.9 милијарди долари

rusija dolari

Руските златно-девизни резерви во изминатите десет дена пораснаа за 11.9 милијарди долари и сега изнесуваат 515.9 милијарди долари. Овој раст го врати оптимизамот, затоа што во последните неколку месеци резервите се „топеа“, па некои економисти говореа дека тие ќе паднат под 500 милијарди.

Во почетокот на септември резервите изнесуваа „само“ 503.9 милијарди долари, а тој пад за многумина беше неочекуван поради тоа што на 4-ти јануари 2013-та година земјата имаше резерви од 537.4 милијарди долари што беше најмногу од септември 2011-та година.

Намалувањето на девизните резерви ги збуни обичните граѓани, затоа што цените на нафтата и гасот, кои претставуваат 80 проценти од рускиот извоз, беа високи и стабилни. Главната причина за намалувањето на резервниот фонд беше високиот одлив на капитал од Русија.

Историскиот рекорд на руските девизни резерви беше на 8-ми август 2008-та година кога во државните трезори имаше дури 598.1 милијарди долари. Веќе во есента девизните резерви почнаа да се намалуваат, затоа што и Русија почна да ја зафаќа светската економска криза. Во март резервите изнесуваа 376 милијарди долари.

Само за споредба, историскиот минимум на руските девизни резерви е забележан на 2-ри април 1999-та година, кога земјата имала само 10.7 милијарди долари.

Во тоа време цената на нафтата и гасот беше многу ниска, па претседателот Борис Јелцин мораше да зема западни кредити, по што му беа „врзани рацете“ на меѓународен план и доведе до постојано попуштање пред барањата на Вашингтон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП