24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрашното од денеска со контролни маркички

Брашното од денеска со контролни маркички

brasno_2

Од денеска брашното што се става во промет мора да има контролна маркичка која ќе биде поставена на видно место. Маркичката треба да биде читлива и прицврстена или трајно втисната на пакувањето.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска информира дека компаниите се должни пред да го пуштат брашното во продажба да го означат секое пакување со контролна маркичка.

– Согласно Законот за квалитетот на земјоделските производи, брашното може да се стави во промет означено со контролна марка и да ги исполнува условите за промет и квалитет утврдени со овој закон.

Исто така операторот со брашно е должен пред ставање во промет на брашното на пазар, секое пакување да го означи со контролна марка на видливо место.

Контролните марки треба да се јасно видливи, читливи, неизбришливи и прицврстени или трајно втиснати на пакувањето на начин што при отварањето на пакувањето, ознаките видливо и трајно се оштетуваат, наведуваат од Министерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП