25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропејците бараат да работат и во недела

Европејците бараат да работат и во недела

swisspeople1

Се поголем број на вработени во Европската унија сакаат да работат и во недела и бараат нов закон за труд кој ќе им го овозможи тоа. Барањата за дозвола за работа во недела  се се почести во Европа. Во туристичките зони продавниците се отворени седум дена во неделата, но без оглед на промените, неделатa и понатака останува неработен ден за голем број на Европејци.

Во моментов, законот за труд во Австрија забранува било каков облик на работа во недела. Во Германија продавниците може да бидат отворени во недела осум пати годишно, и тоа во ограничен број часови. Поголемиот број Германци имаат поддршка за тоа иако светот се менува и голем број продавници работат во сабота до 15 или 16 часот.

Во Италија комерцијалните центри се отворени седум дена во неделата, но полемиката за работното време во недела сеуште трае. Во подготовка е закон со кој би се регулирало работното време.

Во Франција законот од 1906 година неделата ја опишува како задолжителен ден за одмот, со цел да се обезбеди одмор и квалитетен живот за вработените, иако исклучок има во одредени објекти.

Во Шпанија мал е бројот на продавници што се отворени во недела, додека големите супермаркети имаат право да бидат отворени десет пати годишно. Само во Мадрид сите продавници имаат право да бидат отворени во недела.

Во Португалија на сите продавници од почетокот на јули 2010 година им е дозволено да работат во недела од шест до 24 часот. Во Белгија работата во недела им се дозволува само на продавниците кои испорачуваат храна.

Во Велика Британија во одредени сектори е дозволена работа во недела. Од 1994 година, законот во Велика Британија дозволува продавниците да работат во недела, додека големите супермаркети можат последниот ден од неделата да бидат отворени вкупно шест часа.

Во Шведска работата во недела е легализирана од 1971 година, додека во Норвешка, Унгарија, Романија, Чешка или Ирска не постојат рестрикции во однос на работењето во недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП