24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПозитивниот став го продолжува животот

Позитивниот став го продолжува животот

Истражувањето спроведено врз пациенти со срцеви болести го поврзало позитивниот став со подолг животен век.

Холандски и дански научници од универзитетот во Тиблург и Оденсе користеле податоци собрани во текот на пет години од околу 600 испитаници.

Се покажало дека учесниците во истражувањето со најизразен позитивен начин на размислување имаат просечно 42 отсто помал ризик за смрт, отколку испитаниците кои биле наклонети кон песимизам.

Стручното списание „Circulation: Cardiovascular Quality and Outcomes“ додава дека позитивниот став во комбинација со телесна активност бил поврзан и со намален ризик за хоспитализација поради болести на срцето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП