25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да се спречи дехидрацијата?

Како да се спречи дехидрацијата?

dehidratacija1

Дехидрацијата се појавува кога на нашето тело ќе му недостасуваат течности, а тоа е многу опасно доколку имаме слаб имунитет. Главната цел во решавањето на дехидрацијата е што побрзо да ја надополниме течноста, солта и минералите кои се изгубени. Слатките сокови и газираните пијалоци не се вистински микс за потребите на телото.

За спречување на дехидрацијата Светската здравствена организација препорачува посебен рехидратациски раствор (ОРС). Имено, тој содржи балансирана комбинација на вода, соли, шеќер, калиум и останати потребни елементи. Рехидратацискиот раствор се дава во зависност од телесната тежина, стапката на самата дехидрација, најпрво во мали количини, а понатаму во се поголеми. Потребно е растворот да се зема што почесто за да има подобро и побрзо влијание.

Се до денес, ОРС им го спасил животот на најмалку два милиони луѓе и воедно се смета за еден од најважните достигнувања во медицината во 20 век.

Повраќањето и дијареата се две најчести причини за дехидратација. Симптом може да биде и зголеменото потење, а тоа се јавува кога телото самостално сака да се олади. Причите за претерано и појачано потење можат да бидат разни, но воглавно тоа е зголемена температура. Поради таа причина кај болните се препорачува поголемо конзумирање на течности. Така ризикот за дихидрација е сведен на минимум.

Дехидрацијата ќе ја препознаете по силната главоболка, сувата кожа и усните, намаленото потење, зголемената телесна температура, заморот и гадењето/повраќањето. Дехидрацијата на самиот почеток не е толку опасна, лесно може да се спречи, меѓутоа, доколку не се излечи на време преминува во тежок облик. Таквиот облик на дехидрација може да доведе до бессознание, кома, откажување на органите, а во најтешкиот облик и до смрт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП