20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКофеинот го блокира развојот на мозокот во адолесценцијата

Кофеинот го блокира развојот на мозокот во адолесценцијата

koka kola

Газираните пијалаци полни со кофеин го спречуваат правилниот развој на мозокот кај децата, предупредуваат научниците.
Тие веруваат дека кофеинот влијае на развојот на мозокот во текот на адолесценцијата.

Тој период на развој е клучен за мозокот, а проблемите во овој период може да доведат до шизофренија, анксиозност и пореметување на однесувањето. Истражувачите експериментирале врз глувци, но велат дека слично веројатно се однесува на децата и на тинејџерите.

Меѓу 300 и 400 мг кофеин – односно четири лименки енергетски пијалак дневно, т.е. три или четири големи филџани кафе, се количина која влијае на мозокот, укажува студијата. Професорот Рето Хабер од Универзитетската детска болница во Цирих вели дека промените се случуваат главно во текот на сонот.

– Клучните синапси се издолжуваат, а останатите се скратуваат, што ја прави мрежата поефикасна и помоќна, вели тој. Уште една неодамнешна студија покажа дека слатките газирани пијалаци децата ги прават насилни и деконцентрирани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП