20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRaiffeisen Bank ќе дели откази

Raiffeisen Bank ќе дели откази

rai1

„Raiffeisen Bank“ има намера да го намали бројот на работни места и филијали.

Шефот на банката Карл Севелд пред неколку дена ги најави „болните мерки“ во „Raiffeisen Bank“ која во моментов има 59,000 вработени лица во 17 земји.

Тој сега го претстави планот со мерките за штедње, кои во наредните три години, од 2014 до 2016 ќе треба да ги намалат трошоците за 400 до 450 милиони евра.

Мерките за штедење ќе влијаат на илјадници вработени, чии работни места ќе бидат укинати, вели Севелд, кој потенцира дека најголемите трошоци потекнуваат од персоналот на банката.

Дури 49 проценти од планираните административни трошоци во висина од 3,264 милијарди евра од минатата година биле наменети за персоналот.

Намалувањата пред се ќе имаат големо влијание на големите пазари, како што се Русија, Украина, но и Виена, каде работат околу 2.000 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП