24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИToshiba ќе произведува електрична енергија од ветер

Toshiba ќе произведува електрична енергија од ветер

veternici1

Јапонскиот конгломерат „Toshiba“ објави дека ќе започне со производство на електрична енергија со помош на ветерот.

„Toshiba“ започнува со ова производство на ветерна енергија благодарение на превземањето на една компанија во Јапонија, специјализирана во оваа област.

Во соопштението на „Toshiba“, како што пренесува швајцарскиот весник „20 минути“ се наведува дека групацијата е веќе активна во снабдувањето на постројки за производство на електрична енергија, како нуклеарни и термо централи, така и оние во областа на обновливата енергија (геотермални, хидро и енергија од ветерот).

Со купувањето на јапонската компанија „Sigma Power Janex“, овој јапонски гигант ќе започне и со сопствено производство на електрична енергија на база на ветерот.

Од компанијата „Toshiba“ не прецизираа за која цена ќе ја купат „Sigma Power Janex“, a нејзината пазарна вредност се проценува на околу 490 милиони јени (4,6 милиони франци).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП