20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVolvo: Широк план за реконструкција

Volvo: Широк план за реконструкција

volvo121

Вториот светски производител на товарни возила, шведскиот „Volvo“, најави план за реконструкција.

Планот подразбира заштеда на околу пет милијарди круни (околу 600 милиони евра) за следните две години.

Во соопштението кое го пренесува АФП, се наведува дека со планот, освен подобрувањето на продуктивноста, ќе се намали и бројот на вработени меѓу раководечките кадри, како и консултантите.

„Volvo“ кој произведува и автобуси и градежни машини, нагласи дека новите мерки, пред се, ќе го погодат секторот за тешки товарни возила.

Резултатите на шведскиот производител на возила беа разочарувачки во последната година, а во првиот квартал од 2013 година беше забележана и нето загуба.

Во јануари оваа групација, која има 112.000 вработени лица во целиот свет, најави спојување со кинеската компанија „Dongfeng Motor“ со цел да го создадат првиот светски производител на тешки товарни возила, пред германскиот „Daimler“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП