28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus: На светот ќе му бидат потребни 29.000 авиони

Airbus: На светот ќе му бидат потребни 29.000 авиони

airbus2

Европскиот производител на авиони „Airbus“ предвидува дека на светот во наредните 20 години ќе му бидат потребни повеќе од 29.000 нови комерцијални авиони.

Компанијата смета дека тој број ќе излезе во пресрет на зголемениот обем на сообраќајот, но и во замената на постарите модели.

Во проценката за наредните 20 години, „Airbus“ оценува дека на авиосообраќајот до 2032 година најмногу ќе влијаат летовите кои ги покриваат пазарите во развој како што се Бразил, Кина и Индија, пренесува агенцијата Франс прес.

„Airbus“ и неговите ривали, пред се американскиот „Boeing“, ќе мора да произведат илјадници авиони, од кои, повеќето ќе бидат патнички со два реда на седишта.

„Како што воздушниот сообраќај станува се повеќе достапен во сите делови од светот, така идните патување ќе ги обележат летовите кон пазарите во развој.

Обемот на сообраќајот ќе се зголеми за 4,7 проценти на годишно ниво, па затоа ќе бидат потребни повеќе од 29,200 нови патнички и товарни авиони, чија вредност изнесува околу 4,4 милијарди долари (3,3 милијарди евра), наведува компанијата „Airbus“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП