20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНов тендер за продажба на Paloma

Нов тендер за продажба на Paloma

paloma1

Компанијата „Drenik ND“ од Белград е заинтересирана за купување на словенечката компанија „Paloma“, а во игра се и компании од Словенија и Италија, пренесува агенцијата Франс прес.

Повторената постапка за продажба, по неуспешниот тендер,  на познатата компанија „Paloma“ насокоро би требало да започне, а речиси сигурно е дека за купувањето на оваа компанија повторно ќе се натпреваруваат повеќе компании кои се заинтересирани за нејзиното купување.

Компанијата „Drenik ND“ и една словачка компанија на претходниот тендер влегоа во потесниот круг, а во моментов е заинтересирана и една италијанска компанија, чие име не се претставено во јавноста.

Во продажната постапка која пропадна на крајот на 2008 година, за купување на „Paloma“ беше заинтересирана и унгарската „Paper and more“ и швајцарскиот „Horgen“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП