25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ,,Крајслер“ ќе почне да котира на Њујоршката берза

,,Крајслер“ ќе почне да котира на Њујоршката берза

Chrysler-logo

Американската автомобилска индустрија „Крајслер“, чиј мнозински сопственик е италијанската групација „Фиат“, до Федералната комисија за хартии од вредност и берзи на САД достави барање за отпочнување на трговија со нејзините акции на Њујоршката берза.

Како што јави американската телевизија Си-Ен-Би-Си, предвидено е за тргувањето со акциите на „Крајслер“ да биде одговорна најголемата американска инвестициска банка „Џеј-Пи Морган Чејс“. „Крајслер Груп“ се најде работ на банкрот за време на економската криза во 2009 година, но успеа да опстои благодарение на помошта од владите на САД и Канада.

Во јули 2011 „Фиат“ стана мнозински сопственик на „Крајслер“, кој покрај возилата под овој бренд ги произведува и моделите „Доџ“, „Џип“, „Рам“, „Мопар“ и Ес-Ер-Ти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП