24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFairfax го купува BlackBerry за 4,7 милијарди долари

Fairfax го купува BlackBerry за 4,7 милијарди долари

blackberry2

Канадската компанија за производство на мобилни телефони „BlackBerry“ постигна договор за продажба на сите свои акции за 4,7 милијарди долари, со својот најголем акционер „Fairfax“, пренесува Франс прес.

„BlackBerry“ соопшти дека веќе е потпишано писмото со плановите на компанијата и дека сите акционери ќе добијат девет долари за акција во готовина.

Претседателот на „Fairfax“ Прем Ватс поседува 10 проценти од акциите на „BlackBerry“. Тој е голем инвеститор и е еден од најбогатите луѓе во Канада.

Тргувањето со акциите на „BlackBerry“ вчера на „Wall Street“ беше привремено запрено по објавената вест за продажбата на компанијата.

„BlackBerry“ претходнo соопшти дека ќе отпушти 4.500 вработени поради загубата од една милијарда долари.

Канадската компанија е еден од пионерите во производството на паметните телефони, но по појавата на производите на „Apple“ во 2007 година, нејзиниот пазарен удел е во постојан пад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП