28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАФејсбук не поттикнува повеќе да трошиме и повеќе да јадеме

Фејсбук не поттикнува повеќе да трошиме и повеќе да јадеме

Повеќето од нас се свесни дека Фејсбук ни го „јаде“ времето. Но, освен тоа, новите истражувања ни покажаа дека Фејсбук не прави подебели и посиромашни.

Фејсбук ја зголемува нашата самодоверба, што има негативен ефект на донесувањето одлуки и проценувањето на сопствените способности, велат Ендрју Стивен, професор на Универзитетот во Питсбург и Кит Вилкокс, од Универзитетот Колумбија.

За возврат, Фејсбук ја намалува нашата можност за самоконтрола и ги поттикнува негативните однесувања како што се претераното трошење и претераното јадење, пренесува Хуфингтон Пост.

Истражувањата покажуваат дека, што повеќе време поминуваме на Фејсбук, тоа повеќе растат нашите долгови на кредитните картички, а само пет минути дневно поминати на Фејсбук ја намалуваат нашата можност за самоконтрола, стои во извештајот за анкетата, спроведена на 541 американски корисник на оваа друштвена мрежа.

Истражувањето на Стивен и Вилкокс ги потврди претходните тврдења кои открија дека финансискиот долг е тесно поврзан со нивото на самоконтрола. Во анкета од 2001 година, 40 проценти од сопствениците на кредитни картички, како главен проблем со долговите, ја наведуваат токму самоконтролата.

Во почетокот на октомври, Фејсбук ја помина бројката од милијарда корисници, а се очекува до 2014 оваа бројка да се дуплира. Просечниот Американец, на Фејсбук, поминува околу осум часови месечно, повеќето од чиста досада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП