20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМарути Сузуки со двојно поголем профит

Марути Сузуки со двојно поголем профит

suzukimaruti

Најголемиот индиски производител на автомобили „Марути Сузуки“ во четвртиот квартал од 2012 година оствари двојно поголем профит во однос на истиот период лани, забележувајќи зголемување на приходите, првпат во последните 18 месеци, благодарение на растот на продажбата, соопшти компанијата.

Остварениот профит е јасен знак за зајакнување на компанијата по минатогодишните нереди, поради кои во повеќе наврати производството беше прекинато. „Марути“, кој е 54,2 отсто во сопственост на јапонската „Сузуки Моторс“, наведува дека нејзиниот профит во периодот октомври-декември 2012 пораснал за 144 отсто на 5,01 милијарда рупии (93 милиони долари), во однос на 2,05 милијарди рупии во истиот период во 2011 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП