28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAudi започнува со производство на автомобили во Бразил

Audi започнува со производство на автомобили во Бразил

audi1

Германскиот производител на луксузни автомобили „Audi“ кој работи во рамките на групацијата „Volkswagen“, денес соопшти дека ќе започне со производство на автомобили во Бразил од 2015 година.

Оваа компанија ќе инвестира околу 150 милиони евра со цел да се подготви за производство на моделот „Audi Q3“ и „A3 sedan“ во фабриката во градот Сао Жозе Дос Пињаис, во бразилската сојузна држава Парана, пренесува Франс прес.

„Со помош на производството во Бразил, ќе созададеме основа за дополнителен раст во тој регион“, изјави извршниот директор на „Audi“, Руперт Штадлер, кој додаде дека компанијата планира двојно да ја зголеми дистрибутивната мрежа во таа земја до крајот на оваа деценија.

„Audi“, исто така, соопшти дека до крајот на оваа година ќе ја отвори и втората фабрика во Кина, како и дека до 2016 година ќе изгради фабрика во Мексико.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП