18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемен профитот на Prada

Зголемен профитот на Prada

prada1

Италијанската модна компанија „Prada“ го зголеми нето профитот за 7,6 проценти во првата половина од тековната фискална година на 308,2 милиони евра.

Во компанијата изразија оптимизам околу иднината, и покрај независната меѓународна економска прогноза.

Приходите на компанија во првите шест месеци пораснале за 11,7 проценти на 1,73 милијарди евра, пренесува агенцијата Франс прес.

„Задоволни сме со резултатите од првата половина на 2013 година, приходите се зголемени во сите геогравски области каде групацијата постои, а зголемен е и профитот“, изјави извршниот директор на „Prada“ Патрицио Бартели.

Профитот од работењето, пред каматите и оданочувањето, е зголемен за 17,4 проценти на годишно ниво на 555,1 милиони евра. Најголем раст на заработката, од 17, 9 проценти е забележан во Азија, односно во Кина.

„Нашиот деловен модел, базиран на избалансирано глобално присуство и силата на нашиот бренд, ни овозможува да се избориме со предизвиците во меѓународното економско опкружување, кое сеуште е нестабилно и променливо“, изјави Бартели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП