19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple посилен во САД, Android во Европа

Apple посилен во САД, Android во Европа

Успехот кој за кратко време го постигна „iPhone“, и помогна на компанијата „Apple“ да завладее со американскиот пазар на софтвери, поставувајќи го оперативниот систем на „Google“, „Android“ на второто место.

Изминатите дванаесет недели, заклучно со 31 октомври, и помогнаа на компанијата „Apple“ да го зголеми својот удел на пазарот, кој од минатогодишните 48,1 процент, порасна на, за нив рекордни, 49,3 проценти.

Кога станува збор за фреквенцијата на оперативните системи на американскиот пазар, „Android“ од водечкото падна на второто место. Изразен преку проценти, овој оперативен систем сега користи 46,7 проценти од пазарот, пренесува „Reuters“, повикувајчи се на истражувањето на компанијата „Kantar World Planet“.

„Android“ сепак ја задржа доминацијата на европскиот пазар. На пример, во Германија овој оперативен систем зазема 74 проценти од пазарот, додека во Шпанија, процентот е уште поголем- дури 86 проценти.

Ако се следат петте најголеми европски пазари, „Android“ зазема 64 проценти, додека „Apple“ само 21 процент од пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП