24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAir France не се откажува од отпуштањата

Air France не се откажува од отпуштањата

airfrance1

Авиокомпанијата „Air France“ останува на својот план за отпуштање на работниците за кои проценува дека се вишок, пренесува весникот Еко.

Во текот на 2012 година управата соопшти дека 5,122 вработени на „Air France“ се многубројни.

„Компанијата, новиот план за доброволно заминување го објави пред неколку недели. Одбивме да објавиме прецизни бројки бидејќи сеуште не е завршен конечниот извештај на комисијата која се занимава со тоа“, соопштија од управата на „Air France“.

„Но, нема промени во однос на програмата за намалување на бројот на вработени. Ние сметаме дека сегашната бројка на врабoтени е двојно поголема од потребата, според нас бројот на откази ќе изнесува околу 2,500“.

Како што наведува Еко, бројот на откази ќе се движи од 2,600 до 3,000.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП