25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТриглав Осигурување повторно лидер на осигурителниот пазар во Македонија

Триглав Осигурување повторно лидер на осигурителниот пазар во Македонија

Триглав Осигурување АД, Скопје континуирано ја продолжува традицијата и, според резултатите објавени од Националното биро за осигурување на Р.Македонија за првата половина од 2013-та, повторно е на првата позиција на пазарот, со остварена бруто полисирана премија од 534 милиони денари и пазарен удел од 16,16%.

 Triglav-osiguranje

Според последниот извештај објавен од Националното биро за осигурување на Р.Македонија за остварените резултати во првата половина од 2013 година, Триглав Осигурување АД, Скопје продолжува да биде лидер на пазарот за неживотно осигурување, со остварена бруто полисирана премија од 534 милиони денари. Постигнатата премија ја позицира компанијата на убедливо прво место, со пазарен удел од 16,16%, што е за 26,5% повеќе од второрангираниот конкурент.

Пазарот на осигурување во Македонија е во постојан пораст, за што говори и фактот што во првата половина од 2013-та се забележува пораст во доменот на неживотни осигурувања од 4,7% во споредба со истиот период минатата година. Триглав, следејќи ги будно трендовите во осигурувањето и прилагодувајќи се на потребите на клиентите, во дадениот период забележа пораст во склучени договори за осигурување од 5,64% споредено со истиот период во 2012 година. Овој факт само дополнително ја потврдува оправданоста на стратешките заложби на Триглав Осигурување за своите клиенти да обезбедува производи и услуги со врвен квалитет, како и посветеноста на вработените на компанијата и на клиентите.

„Триглав Осигурување е компанија која континуирано работи на квалитетот на производите кои ги нуди на клиентите и услугата која тие ја добиваат. Фактот што 20,64% од вкупната исплата на штети во Р.Македонија, што е патем двојно повеќе од конкуренцијата, припаѓа токму на Триглав Осигурување, само дополнително говори за брзото и ефикасно решавање на штети, сигурноста која ја нудиме, како и финансиската стабилност на компанијата. А, тоа се најважните фактори кои треба да се земат предвид кога одлучувате која осигурителна компанија треба да ја изберете. Тоа го препознаваат клиентите и го докажуваат истражувањата, според кои, пазарот го оценува Триглав како компанија која нуди највисок квалитет, финансиска сигурност и доверливост. Овие истражувања, но и нашето лично искуство, кажуваат дека лојалноста, довербата и задоволството на клиентите од Триглав се на завидно ниво, што е за нас само мотив повеќе да работиме на подобрување на производите, работните процеси, како и достапноста до клиентите, што ќе придонесе кон подобар квалитет на услугите и поголемо задоволство на клиентите”, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Осигурување АД, Скопје, г-н Ѓорѓе Војновиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП