25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСо знаење и среќа до 600.000 денари

Со знаење и среќа до 600.000 денари

Vip-Macedonia-prepaid-data-sims2

Започнува трката по главната награда од 600.000 денари од забавниот СМС награден квиз на Вип оператор, организиран во екот на прославата на шестиот роденден. Покрај за главната награда, сите Вип корисници се во трка и за дневните награди од по 10.000 денари.

За да се вклучи во играта, која започнува на 16-ти септември и ќе трае до 10 ноември 2013, секој корисник треба да се регистрира со испраќање на СМС порака со содржина DA на скратениот број 1466.  Откако ќе се регистрира, корисникот добива прашања, на кои доколку одговори точно, освојува поени кои можат да му донесат некоја од наградите кои се доделуваат секој ден, па дури и главната награда од близу 10.000 евра.

– Родендените секогаш се поврзуваат со забава, среќа и подароци. Така прославуваме и нив во Вип, заедно со нашите корисници. Покрај роденденската понуда, им овозможивме и наградна игра во која преку забава, знаење и малку среќа можат да освојат вредни награди. И на ваков начин покажуваме дека секогаш сме подготвени да понудиме повеќе за корисниците, изјави Џакомо Тоњони, Главен маркетинг директор на Вип оператор.

Дневниот надомест за учество во наградниот квиз изнесува 35 денари (со вклучен ДДВ), при што сите испратени СМС пораки се бесплатни. Секој учесник во наградниот квиз добива и бесплатен тридневен тест период во кој ќе може да го провери своето знаење.

Повеќе информации за наградана игра корисниците можат да добијат на веб страницата на Вип www.vip.mk или во Вип контакт центарот на 077 1234.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП