24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЦрвена Ѕвезда на Арапите за 60 мил. евра, за Партизан нема купувач

Црвена Ѕвезда на Арапите за 60 мил. евра, за Партизан нема купувач

zvepar1

Владата на Србија ќе го продаде фудбалскиот клуб „Црвена Ѕвезда“ за 60 милиони евра на арапската фамилија Бин Зајед од Обединетите Арапски Емирати, пренесуваат белградските медиуми.

Владеачката фамилија од Абу Даби би требала, преку својата компанија „Al Dahra“, да стане сопственик на црвено белиот тим од „Маракана“.

Државата од таа сума би издвоила 40 милиони евра за враќање на сите долгови, додека 20 милиони би биле употребени за развој на спортот во Србија, пишува весникот „Новости“.

Според прелиминарните договори, купувачот се обврзал годишно да вложува по 15 милиони евра во клубот.

Од друга страна, фудбалскиот клуб „Партизан“ исто така треба да биде продаден, но српската Влада сеуште нема купувачи за него.

„Имаме ситуација во која не се знае кој управува со клубовите и важно е само да се праша државата зошто не дава доволно пари? Зошто да даде кога може да заработи? Мислам дека на „Ѕвезда“ и на „Партизан“ може да се заработи само ако донесеме некој кој од тоа ќе направи бизнис. Се прашувате зошто не е можно тоа сега? Затоа што сите мислат дека тука треба веднаш многу да се заработи“, рече неодамна потпретседателот на Владата на Србија, Александар Вучиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП