29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДоделување нови одобренија за субвенциониран станбен кредит од проектот „Купи куќа, купи...

Доделување нови одобренија за субвенциониран станбен кредит од проектот „Купи куќа, купи стан“

stan2

Министерството за финансии денеска ќе додели одобренија на  нови корисници на субвенциониран станбен кредит во рамки на проектот „Купи куќа, купи стан“.

Проектот се спроведува една година и досега 110 граѓани добија субвенциониран станбен кредит, при што се доделени 640 илјади евра субвенции од Владата. Најмногу, 10.048 евра субвенции добиле граѓаните кои зеле субвенциониран станбен кредит во висина од 50 илјади евра, преку моделот „Половина рата“.

Каматите на субвенционираниот станбен кредит се фиксни за првите пет години и тоа 4,99 проценти за првите три години и 5,49 проценти за четвртата и петтата година.

Граѓаните преку објавени јавни повици од страна на Владата годинава можат да аплицираат за субвенционирани станбени кредити до 31 мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП