24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКосово ја укина забраната за увоз на македонски производи

Косово ја укина забраната за увоз на македонски производи

kosovo

Косово ја крена рампата за македонските производи, со што прекина и блокадата на косовската граница од македонска страна и наплатата на влезна такса за косовските државјани и возила во Македонија.

Од ноќеска на полноќ македонските производи повторно може да се извезуваат на косовскиот пазар, а премините Јажинце и Блаце се слободни за сообраќање. Таму имаше петдневна блокада што ја поставија македонските превозници од „Макамтранс“ во знак на револт од ембаргото од косовската страна.

Министерот за економија Ваљон Сарачини, како што најавуваат од неговиот Кабинет, вечерва на полноќ ќе го посети граничниот премин Блаце за да се увери дека практично почна да се реализира слободниот проток на стоки, луѓе и услуги меѓу Република Македонија и Република Косово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП