25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНавивачите го игнорираат Фелаини, го бараат Кагава

Навивачите го игнорираат Фелаини, го бараат Кагава

kagava1

Навивачите на Манчестер Јунајтед јасно ставија до знаење што мислат за 27 милиони скапото засилување од Евертон, Маруан Фелаини.

Имено, администраторот на клубот од „Олд Трафорд“ под фотографијата поставена на Инстаграм на која се наоѓа силуетата на Белгијанецот, барал од навивачите да погодат за кого се работи.

Меѓутоа, тие го игнорираа Фелаини, па наместо да се занимаваат со коментирање на фотографијата го „бомбардираа“ постот со барања во сабота против Кристал Палас да игра Шинџи Кагава, пренесува „Мирор“.

Јапонецот пред неколку денови, за време на репрезентативните обврски, на новинарите им порача да го прашаат тренерот на Јунајтед, Дејвид Мојс, зошто не го пушта во игра.

Со оглед на малата минутажа, незадоволството на Кагава, кој минатото лето пристигна на „Олд Трафорд“ од екипата на Борусија Дортмунд, е разбирливо, а не чекаше долго ни на поддршката од навивачите.

Ќе видиме дали неговиот апел ќе делува на новиот менаџер на клубот од „Олд Трафорд“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП