19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАргентина прва од Јужна Америка се пласира на СП во Бразил

Аргентина прва од Јужна Америка се пласира на СП во Бразил

amistoso-argentina-paraguay-

Репрезентацијата на Аргетина е првата од Јужноамериканските квалификации што обезбеди пласман на Светското првенство во Бразил идната година.

На ноќеска одиграниот натпревар Аргентина како гостин го победи Парагвај со 5:2 и со тоа на две кола до крајот на натпреварите обезбеди доволен број бодови за учество на Мундијалот.

Постигнати резултати на другите натпревари:

Боливија – Еквадор 1:1,
Уругвај – Колумбија 2:0,
Венецуела – Перу 3:2.

Табела: Аргентина 29 бодови (14 натпревари), Колумбија 26 (14), Чиле 24 (14), Еквадор 22
(14), Уругвај 22 (14), Венецуела 19 (15), Перу 14 (14), Боливија 11 (15) и Парагвај 11 (14).
Директен пласман на СП ќе обезбедат четирите првопласирани репрезентации

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП