25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаиконен и „Ферари“ се договорија

Раиконен и „Ферари“ се договорија

kimi

Финецот Кими Раиконен од следната сезона ќе биде возач на „Ферари“ откако потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на соработката на уште една година, јавуваат италијанските медиуми.

Раиконен се враќа во Формула 1 тимот на „Ферари“ на местото на Фелипе Маса кој деновиве соопшти дека го напушта тимот од Маранело.

34-годишниот фински возач Ф1 кариерата ја започна во тимот на „Заубер“ во 2001 година, од 2002-2006 возеше за „Мекларен“ од каде во 2007 премина во „Ферари“ и во неговата прва сезона во црвениот болид ја освои шампионската титула.

На досегашните 189 трки од шампионатот во Формула 1 има забележано 20 победи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП