19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијанскиот БДП повторно забележа пад

Италијанскиот БДП повторно забележа пад

italija55

Италија која е погодена од рецесија, во второто тромесечје забележа пад на економските активности од 0,3 проценти во однос на првите три месеци од оваа година, објави агенцијата Истат.

Со тоа агенцијата за статистика благо ја измени својата првична проценка, според која активностите во перидот од април до јуни паднале за 0,2 проценти.

Во првото тромесечје активностите се намалиле за 0,6 проценти.

Падот на економските активности се бележи во последните осум квартали, што значи дека државата минува низ најдлабоката рецесија за повеќе од две децении.

На активностите во овој период негативно влијаел падот на вкупната потрошувачка и бруто инвестициите, за по 0,3 проценти. За истиот процент се намалил и увозот, додека извозот е зголемен за 1,2 проценти.

На годишно ниво, италијанскиот БДП во вториот квартал паднал за 2,1 проценти, што исто така е за 0,1 процентен поен повеќе од прелиминарните проценки, наведуваат од Истат.

Тие објавуваат дека податоците за италијанскиот БДП во вториот квартал се најлоши во еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП