29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстралија: Раст на деловната доверба

Австралија: Раст на деловната доверба

avstralija1

Индексот на деловната доверба во економијата на Австралија, според пресметките на Народната банка на Австралија, е зголемен во август на плус шест поени, од минус три поени кои беа забележани во јули.

Деловната доверба минатиот месец го достигна максимумот, односно највисокото ниво од април 2011 година, а растот е забележан во речиси сите сектори, пренесува агенцијата Франс прес.

Сепак, под-индексот за моменталните услови за бизнис е подобрен минимално, од минус седум поени на минус шест поени, што сведочи дека проблемите во реалната економија сеуште постојат.

Довербата пораснала во рударството, градежништвото и финансискиот сектор, а исто така и во областа на недвижнините, изјави главниот економист на Централната банка на Австралија Алан Остер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП