29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата на Турција расте

Економијата на Турција расте

turcija1

Економијата на Турција во вториот квартал порасна повеќе од очекуваното, односно за 4,4 проценти на годишно ниво, покажуваат податоците на турскиот Завод за статистика.

Тоа укажува на забрзување на растот во однос на 2,9 проценти кои беа забележани во првиот квартал, додека според сезонски прилагодените податоци, економијата пораснала за 2,1 проценти во однос на претходниот квартал, пренесува Франс прес.

Најновите податоци претставуваат добра вест за Турција, бидејќи земјата во последните неколку недели беше потресена со кризата која ги погоди економиите во развој.

Турската лира во неколку наврати го достигна рекорно ниското ниво во однос на доларот, а и акциите исто така забележаа пад.

„Ова е несомнено важен успех , и покрај сите глобални и регионални потешкотии“, изјави турскиот министер за финансии Мехмет Шимшек.

„Домашната побарувачка повторно беше главниот двигател на растот, поттикната од забрзаниот раст на личната потрошувачка и скокот на инвестициите“, изјави економскиот стратег Вилијам Џексон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП