23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈазот меѓу богатите и сиромашните во САД достигна рекордни размери

Јазот меѓу богатите и сиромашните во САД достигна рекордни размери

roo

Јазот меѓу едниот процент богати жители на САД и останатите 99 проценти Американци продолжува да се зголемува и достигна невидени, размери за последните 85 години, јави ИТАР-ТАСС.

Во 2012 година кај најбогатите Американци се слеале 19 проценти од сите доходи, што е највисок удел од 1928 година.

Десетте проценти најбогати Американци минатата година заработиле вкупно 48,2 проценти од приходите на сите жители на САД, покажуваат податоците на Службата за внатрешни доходи. Богатите Американци тешко настрадаа во финансиската криза.

Во рецесијата од 2007 до 2009 година нивните доходи се намалија за над 36 проценти. Како споредба, приходите на останатите 99 проценти Американци се намалија за едвај 11,6 проценти.

Но, по завршувањето на рецесијата, во јуни 2009 година, овој еден процент од најбогати Американци го искористија растот на корпоративните профити и на вредноста на акциите на берзата.

На тој начин, минатата година единиот процент богати домаќинства, пред оданочување врз приходите, имале заработка од над 394.000 долари.

Според аналитичарите, меѓу причините за зголемување на јазот е и тоа што во некои гранки САД се натпреваруваат со нископлатената работна рака од Кина и други земји во развој.

Редица погони беа пренесени во Индија и Филипините, а модерната технологија се повеќе ги заменува работниците во извршувањето на нивните рутински задачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП