24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕстонија падна во рецесија

Естонија падна во рецесија

estonija1

Естонија во вториот квартал од оваа година падна во рецесија поради забавувањето на економскиот раст од 0,2 проценти.

Новото забавување следеше по падот од еден процент од првиот квартал, соопшти Националниот завод за статистика.

„Ваквиот пад е забележан поради извозот. Нашите главни извозни партнери чувствуваат потешкотии, па така и ние. Финска е во рецесија, Шведска има проблеми, а економијата на Русија стагнира. Тоа е едноставно така“, изјави инвестицискиот стратег Питер Копел, пренесува агенцијата Франс прес.

Оваа мала балтичка земја со 1,3 милиони жители, која во 2011 година беше првата поранешна советска земја која го усвои еврото, во голема мера е зависна од извозот.

На годишно ниво, економијата на Естонија во вториот квартал се зголемила за еден процент, што е малку под растот од 1,1 процент од првиот квартал од оваа година.

Естонското Министерство за финасии неодамна ја преполови првичната прогноза за раст на економијата за оваа година на 1,5 проценти, наведувајќи го како причина падот на домашната побарувачка и инвестициите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП