20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБразилски бизнисмен по преживеан мозочен удар го дели своето богатство

Бразилски бизнисмен по преживеан мозочен удар го дели своето богатство

biznismen1

Бизнисмен во една голема бразилска корпорација доживеал мозочен удар кој за докторите имал досега невидена последица – тој се претворил во филантроп.

Имено, бразилскиот пациент не престанува да ги дели своите пари, што е спротивно на неговата претходна природа.

Бизнисменот (49) парите ги троши лежерно, тој купува сокови, слатки, храна и пијалоци и им ги дели на децата кои ги среќава на улиците, пишува британскиот „Independent“.

Бразилецот на докторите им кажал дека е свесен за своето однесување и промената на личноста и дека повеќе не сака да работи поради неговата неодамнешна „блиска средба со смртта“, и дека сака да ужива во животот за кој вели дека е премногу краток.

Ваквото дарежливо однесување, сепак, има своја друга страна, сопругата на овој Бразилец изјавила дека семејството сега се наоѓа во големи проблеми и дека речиси банкротирало.

Бизнисменот доживеал мозочен удар предизвикан од висок крвен притисок, кој предизвикал крварење во делот на мозокот под церебралниот кортекс, кој е поврзан со размислувањето и одлучувањето.

Психијатрите на Универзитетот во Рио де Жанеиро заклучија дека мозочниот удар кај овој пациент предизвикал пореметување на емоционалното однесување и расудување, чиј типичен синдром е депресијата, која тој ја има.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП