19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКосово од Вашингтон побара да се стави крај на трговскиот спор

Косово од Вашингтон побара да се стави крај на трговскиот спор

7289mala

Косовскиот заменик министер за надворешни работи Петрит Селими повика на надминување на трговскиот спор меѓу Македонија и Косово, и брзо повторно воспоставување на слободната трговија меѓу двете земји.

– Навистина, навистина се надевам дека ќе направиме неколку чекори назад, да се вратиме на првиот чекор, и да решиме да ја почитуваме слободата на трговија и слободата на движење на луѓе и да продолжиме да бидеме добри соседи и пример за многу други балкански земји кои војуваа меѓу себе.

Со Македонија, освен етничките тензии од време на време кои се поттикнати од националисти во двете земји, навистина се трудиме да бидеме што е можно повеќе поврзани заедно, изјави Селими, кој зборуваше во универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон.

Селими пред американската публика накусо го претстави трговскиот спор, велејќи дека Косово решило да воведе ембарго за дел од македонските производи поради македонската одлука со која се оневозможува увоз на косовско жито и брашно на Македонија.

Потоа Македонија донела одлука за воведување такса за влез на косовските државјани, за на крај Косово да воведе целосно ембарго за македонските производи.

– Македонија е наш најголем трговски и не само трговски партнер.

Со Македонија имаме најголем број потпишани билатерални договори, повеќе дури и од за нас братската Албанија или пријателската САД или Турција, во образование, трговија, економија… Трговскиот дефицит кон Македонија ни е 90 проценти.

Значи за секои девет евра кои ние ги трошиме во Македонија, Македонците трошат едно на Косово, изјави Селими. Косовскиот заменик министер воедно се пожали дека и самиот морал да ја плати давачката за влез во Македонија, за да може да лета од Скопје кон Вашингтон.ц

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП