28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена невработеноста во Полска

Намалена невработеноста во Полска

polska1

Невработеноста во Полска во август беше намалена, од 13,1 проценти кои беа забележани во јули на 13 проценти, соопшти полското Министерство за труд.

Бројот на невработени лица во оваа земја во август се намали на 2,09 милиони, пренесува агенцијата АФП.

Во август 2012 година невработеноста во Полска која има 38 милиони жители изнесуваше 12,4 проценти од работоспособното население.

„На крајот на годината, стапката на невработеност нема да надмине 14 проценти. Невработеноста е најизразена во текот на есента, но зголемувањето ќе биде помало во споредба со минатата година“, се наведува во соопштението.

Полска, единствената земја во ЕУ која успеа да забележи позитивен економски раст во текот на светската криза која настана во 2008 година, бележи скромно зголемување на економскиот раст, по забавувањето кое беше забележано во почетокот на годината.

Бруто домашниот производ (БДП) на Полска е зголемен за 0,4 проценти во вториот квартал, по растот од 0,1 проценти во првите три месеци од 2013 година.

Полската економија напредуваше за 1,9 проценти во 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП