29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУбедлива победа на Македонија против Србија

Убедлива победа на Македонија против Србија

peroantic1

Македонија вчера издвојува голема победа над Србија на Европското кошаркарско првенство во Словенија со резултат од 89:75, со што драстично си ги зголемивме шансите за пласман во следната рунда.

Најефикасни на натпреварот во македонскиот состав беа Мекејлеб со 27 поени, и Владо Илиевски и Перо Антиќ со по 16 поени.

Најефикасни во составот на Србија беа Данило Анѓушич со 19 поени, Немања Бјелица со 13 поени и Немања Недовиќ со 11 поени.

Откако изгубивме од Црна Гора и Литванија, на сцена настапуваат калкулациите, но сепак многу важен е и исходот од останатите натпревари во нашата група.

Математиките покажувааат дека Македонија има реални шанси да си обезбеди пласман во втората рунда.

За пласман во следната рунда ни требаат победи против Летонија и БиХ во последните две кола и Србија и Литванија да ги добијат натпреварите со Црна Гора и Латвија.

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Алеш Пипан не го криеше своето огромно задоволство по големата победа над Србија. Тој истакна дека играчите ги заслужуваат сите честитки бидејќи одиграа одличен натпревар, одлично се справија со противниците, фантастични беа во одбраната и пожртвувано и фокусирано го водеа нападот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП