16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ оствари голем суфицит

ЕУ оствари голем суфицит

euro11

Европската унија во третиот квартал од 2012 година оствари суфицит во тековниот биланс на плаќања од 28,8 милијарди ерва, при што особено силен резултат забележа во трговијата со услуги, покажаа податоците на статистичката агенција на Европската Унија.

Втората проценка на Еуростат за третиот квартал од минатата година покажува остар пресврт во однос на претходната година, кога тековниот биланс на плаќања на 27-члената Унија изрази дефицит од 6,8 милијарди евра.

Извештајот на статистичката агенција кој беше објавен вчера, покажува дека дефицитот во трговијата со стока, на годишно ниво е намален за само 2,6 милијарди евра, од 34,6 милијарди евра колку што изнесуваше во истиот период во 2011 година.

Суфицитот во трговијата со услуги се зголеми од 31,1 милијарда на 39,3 милијарди евра.

Благодарение на поволното влијание на девизните курсеви на платниот биланс, Унијата за третиот квартал од минатата година покажа суфицит во размената со САД (34,1 милијарди евра), Швајцарија (15,1 милијарди евра), потоа Хонг Конг (7,8 милијарди евра), Бразил (7,4 милијарди евра), Канада (5 милијарди евра) и Индија (1,4 милијарди евра).

Најголем дефицит ЕУ оствари во размената со Кина (30,1 милијарди евра), како и со останатите клучни партнери како што е Русија (6,7 милијарди евра) и Јапонија (5,4 милијарди евра).

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП