25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаботилница за подобрување на енергетската ефикасност во јавните згради

Работилница за подобрување на енергетската ефикасност во јавните згради

saracini_2102_g_3

 Презентацијата на спроведените мерки и активности на досега реализираните проекти за подобрување на енергетската ефикасност во рамките на ГЕФ-проектот за одржлива енергија што го спроведува Министерството за економија во соработка со Светска банка беа тема на денешната работилница за енергетска ефикасност во јавни згради.

Проектот претставува грант во износ од 5,5 милиони долари добиени од Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) за подобрување на енергетската ефикасност во градинките и училиштата во Македонија.

На работилницата, на чие отворање присуствуваше и се обрати министерот за економија Ваљон Сарачини, се дискутираше и за придобивките и практичните аспекти на проектите за енергетска ефикасност, како и за перспективите и модалитетите за идните активности во оваа област.

– Подобрувањето на енергетската ефикасност е многу важен дел за развојот на македонската економија и затоа е еден од главните приоритети на Владата на Република Македонија. Имајќи ги предвид  сите придобивки што ги носи енергетската ефикасност, Министерството за економија во соработка со Светската банка во 2011 година го почна Проектот за одржлива енергија со кој се предвидуваат мерки со кои може да се подобри енергетската ефикасност во училишни објекти и градинки, рече Сарачини.

Процесот, истакна, се одвиваше во две фази. Во првата фаза се спроведоа мерки  за подобрување на енергетската ефикасност во шест општини – Боговиње, Гази Баба, Зајас, Чешиново-Облешево, Кисела Вода и Кавадарци.

– Вкупниот износ на инвестицијата изнесуваше 1,5 милиони долари и беа реконструирани 18 објекти од кои 13 училишта и пет градинки. Во сите општини беа спроведени типични мерки за енергетска ефикасност – поставување изолација на надворешните ѕидови, топлинска изолација  на покрив, замена на прозорци и надворешни врати, набавка и монтажа на нов  систем за централно греење и промена на осветлувањето. Со тоа околу 5.600 ученици и наставници имаат подобри услови за престој и работење, рече Сарачини.

Во втората фаза се спроведоа активности за подобрување на енергетската ефикасност во шест други општини – Чаир, Валандово, Конче, Желино, Петровец и Пехчево.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП