18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Секогаш постои ризик од прекумерно оптеретување на централните банки“

„Секогаш постои ризик од прекумерно оптеретување на централните банки“

jejmi1

Централните банки се изложени на преголем притисок да превземат мерки за да го поттикнат растот и ослабнатите домашни валути, предупреди во Давос, шефот на Банката за меѓународни порамнувања (БИС).

Се ближи моментот во кој штетните последици од печатење пари, со кое започнаа многу централни банки од целиот свет, може да ги надмине корисните ефекти на овие мерки, изјави шефот на БИС, Џејми Каруана.

Запрашан за притисокот на новата влада во Токио врз централната банка, да ја прошири програмата за купување на недвижнини, со цел да ја извлече јапонската економија од рецесија, Каруана одговори дека владите треба повеќе да размислуваат за она што самите можат да го направат.

„Секогаш постои ризик од прекумерно оптеретување на централните банки. Притисокот може да биде премногу голем кога зборуваме за растот, веројатно вниманието треба да се фокусира на продуктивноста, конкурентноста и учеството во пазарот на трудот. Малку се претерува во фокусот на централните банки“, изјави тој.

Мерките на централните банки, како што е намалувањето на клучната каматна стапка, на владите можат да им обезбедат само повеќе време за тие сами да превземат чекори за спроведување на структурните економски реформи, објасни Каруана.

На прашањето дали го загрижуваат мерките кои централните банки ги превземаат за да ја ослабнат валутата и заканата од војна на девизните курсеви, шефот на БИС нагласи дека властите треба недвосмилено да ги објаснат причините за своите постапки.

„Ако го направат тоа, веројатно дел од стравувањата од војната на валутите ќе биде намален. Централните банки превземаат многу мерки, но јас не верувам дека тие се нивниот мотив“, додаде тој.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП