24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗаврши преодниот рок, Бејл прва ѕвезда

Заврши преодниот рок, Бејл прва ѕвезда

transfer

Завршен е и овој преоден рок во Европа и кога се ќе се резимира сите фудбалери остана во сенка на Герет Бејл. Велшанецот од Тотенхем во Реал Мадрид премина за рекордни 100 милиони евра, иако во Шпанија се вели дека за него се платени 91 милион евра. Но како и да е тој е ѕвездата на овој преоден рок и се најде на врвот на трансфер листата. Зад него се Едисон Кавани (Наполи – ПСЖ, 64.5 милиони), Радамел Фалкао (Атлетико Мадрид – Монако, 60 милиони), Нејмар (Сантос – Барселона, 57 милиони), Месут Озил (Реал Мадрид – Арсенал, 50 милиони)….

„Кралевите“ повторно останаа запаметени како најдобар купувач, поради тоа што и пред Бејл го држеа рекордот, кога го купија Роналдо од Манчестер Јунајтед. Сепак клубот од Мадрид не потроши најмногу оваа сезона.

Таа „чест“ му припадна на Монако. Сопственикот на „кнезовите“, Димитриј Риболовјев одлучи да го засили неговиот тим во борбата за титулата во Лига 1. Тој потроши вкупно 172 милиони евра, а најмногу е платен Фалкао (60 милиони). Следуваат Џејмс Родригез и Жоао Мутињо за кои на Порто му беа платени 45, односно 30 милиони евра, како и Џефри Кондогбија кој вредеше 15 милиони евра. Монако плати и 12 милиони евра за Жереми Тулалан.

На второто место се најде Реал. Мадриѓаните се одлучни во намерата од тронот да го тргнат „вечниот ривал“, Барселона и поради тоа го ангажираа Бејл.Тие потрошија 163.5 милиони евра, а купени се Иско за 30 милиони, Илјараменди за 20 милиони, а за скоро 50 милиони Месут Озил си замина од „Сантијаго Бернабеу“.

Тотенехм во овој преоден рок потроши 126 милиони евра, пред се за Роберто Солдадо (30 милиони) и Ерик Ламела (23 милиони). На „Вајт Харт Лејн“ дојде и Кристијан Ериксен за 18 милиони, како и Етјен Капуе за 13 милиони евра. Традиционално големиот „потрошувач“ – Манчестер Сити овој пат се најде на четвртото место, откако за нови играчи платија 120 милиони евра. „Граѓаните“ кои ги предводи Мануел Пелегрини ги купија Фернандињо (32 милиони), Стеван Јоветиќ за 28 милиони, Хесус Навас и Алваро Негредо за по 20 милиони.

ПСЖ го зазеде петото место со потрошени 115 милиони евра, а прва ѕвезда на преодниот рок беше Едисон Кавани. За Уругваецот на Наполи му платија 60 милиони евра, а на Рома за Маркињос 32 милиони евра.

На листата на клубови кои најмногу заработија од продажбата на играчи води Анжи (142 милиони), па го следат Тотенехм (118 милиони), Рома (102 милиони), Севилја (90 милиони) и Атлетико Мадрид со 78 милиони евра.

Овој преоден рок ќе биде запаметен и по доцните купувања. Така Бејл по неколку недели преговори пристигна во Шпанија, Озил во доцните часови замина во екипата на Арсен Венгер, Кака се врати во Милан, а Мауран Фелаини од Евертон премина во Манчестер Јунајтед.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП